462
Лука Модриќ беше МВП на финалето од Суперкупот на Шпанија, и покрај годините Хрватот игра одлично оваа сезона и е еден од главните фудбалери на кралскиот клуб под водство на Анчелоти.
Неговиот договор со Реал Мадрид трае до крајот на оваа сезона, но очекувањата се дека двете страни ќе се договорат за продолжување.
„За мене нема ништо, ништо подобро од тоа да бидам фудбалер на Реал Мадрид“, вели Лука Модриќ.
„Сега не размислувам за продолжување на договорот. Клубот знае која е мојата желба и сигурен сум дека наскоро ќе постигнеме договор“.