53
По крајот на
минатата сезона се случија големи промени на Сантијаго Бернабеу. Само неколку
дена по триумфот во Лигата на шампионите, тренерот Зинедин Зидан на големо
изненадување си поднесе оставка.
Потоа во јули си
замина и првата ѕвезда Кристијано Роналдо, кој се реши за нова авантура и
трансфер во Јувентус.
„Не очекував дека
двајцата ќе не напуштат. Не помислував дека Зидан би можел да си отиде, истото
важи и за Роналдо“ – вели Лука Модриќ, кој исто така се поврзуваше со преселба
во Интер, но трансферот не се реализираше.
„Кога почнаа да
кружат гласините за Роналдо, почнавме да се обложуваме во соблекувалната на
Реал и сите бевме убедени дека ќе остане, но на крајот секој си носи сопствени
одлуки“.