Модриќ наскоро треба да стави потпис на нов едногодишен договор со Реал Мадрид. И покрај возраста тој се уште е еден од клучните играчи во тимот.
„Свесен сум колку многу ме сакаат фановите, ми го покажуваат тоа на натпреварите, на улиците. Неверојатно е, секој ден сум им благодарен за љубовта која ја покажуваат кон мене. Секогаш се обидувам да го давам најдоброто кога ќе го облечам дресот на Реал Мадрид и така да им се оддолжам за љубовта која ми ја даваат“, вели Модриќ.
„Мадрид ми е се, тоа е мојот дом, се чувствувам многу среќно во клубот, од првитот момент е нешто неверојатно. Се чувствувам дел од Мадрид, јас сум уште еден мадридиста и ќе бидам до крајот на животот“.
„Се надевам дека ќе се пензионирам во Мадрид. Мадрид е мојот дом, среќен сум тука, во градот, и многу сум сакан од луѓето. Мојата фамилија исто е многу среќна, па се надевам дека ќе продолжам тука и во наредните години и ќе ја завршам кариерата тука“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.