Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од Лука Модриќ да не заминува од клубот по завршувањето на Светското клупско првенство, пренесува шпанскиот портал „Defensa Central“ специјализиран за случувањата во „кралскиот клуб“.
Според истите информации, Перез бил видно емотивен на прошталната церемонија на хрватскиот ас на „Сантијаго Бернабеу“, при што му ветил на Модриќ дека доколку одлучи да ја заврши кариерата, иако засега тоа не е во неговите планови, ќе има место во клубот „во која било улога, бидејќи тоа го заслужува“.
Модриќ, кој од 2012 година е фудбалер на Реал и сака да ја предводи хрватската репрезентација на Светското првенство следната година , а потоа да стави точка на големата кариера.
Тој посакувал уште една сезона во Мадрид, бил подготвен да ја прифати и улогата на резерва и значително намалување на платата, но клубот одлучил дека е време за нов циклус.
Модриќ ќе го носи дресот на „кралевите“ и на претстојното Светско клупско првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во САД, по што ќе донесе одлука за иднината.