Лука Модриќ беше позитивен на ковид-19 поради што ги продолжи изминатите натпревари. Хрватот доби негативен тест, но не е фит за настап.
Шпанските медиуми пишуваа дека тој се уште има симптоми иако е негативен, а тоа денеска го потврди и Карло Анчелоти.
„Вистина е дека Модриќ не тренира бидејќи во моментов не се чувствува добро. Без разлика каков е тестот, и да е негативен, тој може да бидеме уморен, да има настинка, да има симптоми. Во случајот со Модриќ, тој не тренира бидејќи не се чувствува добро“, вели Анчелоти.
„Треба да почекаме, и кога ќе биде добар ќе ни се приклучи. По овој натпревар имаме седум дена одмор и се надевам дека кога ќе се вратиме, и тој ќе може да ни се приклучи и повторно да тренира“.