Реал Мадрид го
совлада својот голем ривал Барселона со 2-1 во синоќешното Ел Класико, меѓутоа
од таборот на Каталонците бура од незадоволство поради според нив недосудениот пенал
од моментот кога Брентвајт беше соборен од Менди, барајќи пенал за таа
ситуација.
Лука Модриќ и
Жерард Пике имаа интересна конверзација по последниот судиски свиреж на
дербито, откако стоперот на Каталонците се симна од гледалиштето (не беше во
составот), а Хрватот увиде дека тој не се симнал само да се поздрави со
фудбалерите на теренот.
„Го чекаш судијата
за да се пожалиш до него, така?“ му рече Модриќ на Пике.
„Па види, само
четири минути судиско продолжение?“ му одговори Пике, алудирајќи на тоа дека
требало повеќе минути продолжение.
„Колку повеќе
сакаш?“ го праша Модриќ гестикулирајќи дека е во неверување на жалбата на Пике.