„Многу од новите засилувања на Лидс беа толку непознати, што Гугл беше единствениот извор на информации за нив“

by
1 минути читање

25 годишниот
офанзивец Езгјан Алиоски летово пристигна во тимот на Лидс јунајтед од редовите
на швајцарски Лугано, а беше најавен како големо засилување за екипата од „Еланд
Роуд“.

„Јоркширпост“ во
денешната анализа пишуваше за тоа како мина преодниот рок за трансфери ова
лето, пред се
’ во фокусот на
вниманието ги стави клубовите од Чемпионшип дивизијата на Англија, меѓу кои и
Лидс јунајтед.

„Многу од
новодојдените на Еланд Роад беа толку непознати што Гугл беше првиот избор за
информации, и може истото да се каже и за медиумите, но Езгјан Алиоски и Самуел
Саиз но тие беа двоец од дијаманти кои беа откопани. Единствено од што може да
стравува Лидс јунајтед е дали доволно ќе ја пополни дупката која ја остави Крис
Вудс со неговото заминување од тимот вредно 15 милиони фунти
“ пишува англискиот
медиум.

Шпанскиот напаѓач
Саму Саиз кој дојде од Хуеска беше второто најскапо засилување за Лидс јунајтед
ова лето (3.15 милиони фунти), прв на листата е шведскиот дефанзивец Понтус
Џенсон кој дојде од Торино (3.42), на третото место се наоѓа македонскиот
репрезентативец Алиоски (2.25).

 

Извор: yorkshirepost.co.uk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×