Младиот Еспозито го живее сонот: Ден пред мечот дознав дека ќе бидам стартер, не ми се веруваше кога ја видов топката во мрежа!

by riste
1 минути читање

Пио Еспозито кој за два дена ќе наполни 20 години синоќа дебитираше како стартер за Интер на мечот против Ривер Плата и постигна гол.

Еспозито е играч кој потекнува од младинската школа на Интер, во 2023 година замина на позајмица за Специја каде се задржа до лани. Таму играше сениорски фудбал, ова лето се врати во Милано и доби шанса од Киву која ја искористи.

Се работи за голем талент кој ги помина сите младински селекции на Италија и се верува дека ќе биде во ростерот на Интер за наредната сезона.

„Навистина сум горд, можеби и не сфаќам уште. Не можев да поверувам кога ја видов топката во мрежата. Работев напорно во изминатите години, а сега ги гледам плодовите од тоа“, вели младиот Еспозито.

„Мојата иднина, дали ќе останам во Интер? Сакам само да продолжам да работам и да го правам тоа што го направив на овој меч, да ги искористам шансите кои ќе ги добијам. Да го искористам ова Светско клупско првенство“.

„Ден претходно дознав дека ќе бидам стартер. Таа ноќ сонував многу начини како би можел да дадам гол. Знаев дека ќе дојде шанса и дека треба да ја искористам“.

„Дебитант сум во Интер, но имам преку 80 професионални натпревари за Специја. Ако гледаме на тој начин и не сум толку неискусен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×