Младата ѕвезда на Клуб Бриж го потврди интересот на Милан: Мислам дека 25 милиони се доволни за трансфер

by
1 минути читање

22 годишниот Ноа
Ланг важи за еден од најдобрите фудбалери во првенството на Белгија и со своите
добри настапи го привлече вниманието на неколку клубови, во последно време се
говори дека Милан сериозно загризал за Холанѓанецот.

Младата ѕвезда на
Клуб Бриж сега го потврди интересот на „росонерите“ и изрази желба уште ова
лето да направи трансфер.

„Не можам да
негирам дека Милан е заинтересиран за мене, но во моментов немам договор со
нив, или со некој друг клуб“
– вели Ноа Ланг.

„Минатата година
Клуб Бриж бараше 40 милиони евра за мене, мислам дека тоа беше многу. Сега ќе
бараат околу 30 милиони евра, но јас смета дека 25 милиони евра е добра сума.
Знам дека Клуб Бриж сака да направи рекордна продажба со мене, но доколку можам
да направам трансфер од соништата за 25 милиони евра, бордот на директори не
треба да ме спречи“.

„Немам што повеќе
да научам во Белгија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани