Митровиќ со хет-трик ја урна Андора! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Со хет-трик на Александар Митровиќ, Србија ја победи Андора со убедливи 3-0, најубедлива денеска беше Холандија која со 8-0 славеше на свој терен против Малта.

Србија лесно ги освои планираните три бода против Андора која ѝ покажа заби на Англија, но вечерва не беше достоен противник за Србите.

Навивачите во Лесковaц се израдуваа на гол уште во 12. минута кога Митровиќ погоди за водство на Србија од 1-0.

Поминаа уште 12 минути, а Митровиќ даде уште еден гол за предност на Србите и од 2-0.

По седум минути игра во вториот дел беше досуден пенал за Србија кој го реализираше Митровиќ за хет-трик. 3-0, тоа беше и конечниот резултат.

Во вечерашните квалификациски дуели најубедлива беше Холандија која со 8-0 ја совлада Малта.

Депај и Мален дадоа по два гола, по еднаш погодија Ван Дајк, Симонс, Ланг и Ван де Вен.

Убедлива беше и Австрија која со 4-0 славеше на гостувањето кај Сан Марино. Два погодоци на овој меч даде Арнаутовиќ.

Албанија одигра 1-1 кај Летонија, Романија со 2-0 беше подобра од Кипар.

Фото: Fudbalski savez Srbije

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани