120
Поранешната
ѕвезда на Лидс и Манчестер Сити, Дени Милс беше „уловен“ во една доста
интересна ситуација каде без влакна на јазикот го кажа своето мислење за
актуелната ситуација со Манчестер јунајтед.
Милс за време на
„Фудбалско шоу“ на „Скај“ за момент помисли дека почнале реклами, па во еден
момент коментираше: „Манчестер
јунајтед е с*ање“, а на ова „прснаа“ од смеа презентерот Пит Грејвс и
фудбалерот на Мидзбро, Сол Бамба.
Инаку, во
емисијата се дискутираше за убедливиот пораз на Манчестер јунајтед на свој
терен од Ливерпул со 0-5, а по коментарот на Милс следеше пауза.