168
Фудбалскиот свет
е во тага денеска откако почина Диего Армандо Марадона на свои 60 години, а во
Неапол веќе почнаа да ја разменуваат идејата околу преименување на фудбалската
арена „Сан Паоло“ во „Ел Пибе де Оро“ (златкото момче).
Јасна е големата
поврзаност помеѓу Марадона и Наполи, а медиумите известија дека ќе има минута
молк пред стартот на натпреварите во Серија А, Лигата на шампионите и Лига
Европа во чест на Аргентинецот.
Инаку, Наполи
каде настапува нашиот репрезентативец Елиф Елмас утревечер (21 часот) на
домашен терен ќе ги одмери силите со Ријека во Лига Европа, а сигурно ќе има
многу тага и емоции вон и на стадионот во Неапол.