Мино Рајола и таткото на Халанд сега се во Мадрид на разговори со Реал

by
1 минути читање

Мино Рајола и таткото на Халанд утринава имаа состанок со раководството на Барселона, откако завршила таа средба со приватен лет тие заминале во Мадрид.

Рајола и таткото на Халанд ќе имаат состанок со раководството на Реал Мадрид, но планот е да ја продолжат турнејата и во други клубови.

Тие ќе разговараат со пет заинтересирани клубови со цел да дознаат повеќе за нивните проекти, да ја слушната понудата за Халанд, па потоа ќе одлучат која би била најдобра дестинација.

Но за трансфер на Халанд се прашува и Борусија Дортмунд, а нивниот став е дека ова лето нема да го пуштат фудбалерот за помалку од 150 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани