141
Адеми заработи повреда во неделата на загревањето пред првенствениот меч на Динамо Загреб против Истра.
По доаѓањето во Скопје му беа направени медицински прегледи кои ја потврдија повредата, се работи за парцијална руптура на предната ложа. Шансите за негов настап во Грузија се минимални.
Поради тоа селекторот Ангеловски дополнително го повика фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Енур Тотре.
Македонската репрезентација денеска ќе тренира на центарот „Петар Милошевски“, а утре со чартер лет патува за Тбилиси.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија кој може да ни донесе пласман на Европското првенство се игра во четврток со почеток од 18 часот.