Минатото лето прв дојде, сега прв ќе го напушти Интер: Хакими е пред трансфер во ПСЖ

by
1 минути читање

Ашраф Хакими минатото лето беше прво засилување за Интер, а сега може да биде првиот играч кој ќе си замине од „Џузепе Меаца“.

Денешното издание на Газета дело Спорт пренесува дека Интер и ПСЖ се во напредни преговори за трансфер на репрезентативецот на Мароко, десниот бек треба да донесе најмалку 60 милиони евра во касата на „нероаѕурите“.

Спортмедиасет пак вели дека Интер бара најмалку 80 милиони евра за Ашраф Хакими и Бепе Марота верува дека може да ја добие оваа сума бидејќи интерес за фудбалерот пројавуваат и Баерн Минхен и Челси.

Генералниот директор на Интер исто така се надева дека со оваа зделка ќе биде обезбеден најголемиот дел од сумата која сопствениците ја зацртале (90-100 милиони евра приходи од продажба) па ниту една друга ѕвезда нема да го напушти клубот ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×