Милевски со писмо им се заблагодари на фудбалерите: Многу научив и се уште учам од вас, останте луѓе какви што сте

by
2 минути читање

Македонија У21 со вчерашната победа над Црна Гора ги заврши квалификациите на второто место но не успеа да се пласира на Европското првенство, не се најде меѓу оние второпласирани кои одат на завршницата.

Селекторот Милевски е горд на резултатите, поради што почувствува потреба да им се заблагодари на играчите и останатите кои беа дел од репрезентацијата.

„Драги наши фудбалери, членови на стручниот штаб, драги луѓе во Фудбалската федерација на Македонија,

Чувствувам потреба да упатам благодарност кон сите што бевте дел од квалификациите за Европското првенство 2021.

Сите Вие имате заслуга за успехот што го направивме. Од срце Ви благодарам.

Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој нѐ ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. Тоа се особини на кои укажував и тоа сте вие.

Од нашиот прв собир во Анталија, па се до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок.

Многу научив и се уште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери.

Би сакал, исто така да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, до претседателот Сејдини, Управниот одбор и службите во федерацијата. Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме седум од можните девет бодови на крајот од квалификациите.

Се надевам дека во иднина само ќе ја надоградуваме заедничката соработка.

Ви посакувам добро здравје на сите“, стои во писмото од селекторот Милевски.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани