Младата
македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година на 12. Ноември ќе ги
одмери силите со Израел, а пет дена подоцна со Црна Гора во завршницата од
квалификациите за Европското првенство идната година.
По осумте
одиграни кола, избраниците на Благоја Милевски запишаа четири победи, како и по
две ремија и порази, со тоа што се наоѓаат на второто место на табелата во
групата „6“ со два бода пред Израел, односно осум бода зад лидерот Шпанија.
„Целта за нас секогаш била да излеземе на терен, да го дадеме
најдоброто од себе и да победиме на секој натпревар“ изјави селекторот Милевски кој подвлече дека целиот квалификациски циклус нашите фудбалери одиграле на високо ниво, освен мечот со Израел кој минатиот месец заврши со поделба на бодовите.
„Освен последниот
меч со Израел, на сите останати натпревари во овие квалификации бевме на високо
ниво и ако ја повториме таа игра ќе оствариме одличен резултат“ додаде тој.
„Најважно е
како Македонија ќе изгледа на терен, а не противникот“ заклучи Милевски.
Во однос на
табелата за најдоброто рангираните втори селекции по табелите, нашата селекција
е на деветтото последно место, шанси постојат се уште, но истите буквално се
рамни на чудо.
Фото-вест: ffm.mk (архива)