Милер продолжува во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Баерн Минхен, Томас Милер би можел да се пресели во Англија, со тоа што Њукасл
и Евертон веќе пријавиле сериозен интерес за ангажман на 33 годишниот фудбалер.

Милер има уште 18
месеци од својот активен договор со „Баварците“, а Кристијан Фалк од „Билд“ ги
потврди шпекулациите дека Њукасл и Евертон се загреани да го видат искусниот
фудбалер во своите редови.

Германецот сета
своја кариера ја помина во дресот на Баерн Минхен, всушност актуелнава сезона
за него е веќе 14та на сениорско ниво во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани