Милер по дебаклот од Менхенгладбах: Никогаш не сум дожвеал нешто вакво!

by
1 минути читање

Баерн Минхен синоќа со 5-0 загуби на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и доживеа елиминација од Купот на Германија.

Баварците играа со најсилниот состав, но им се случи невиден дебакл. Обично тие знаат да победуваат со таков резултат, овојпат се најдоа од другата страна, ја почувствуваа горчината на убедлив пораз.

„Можеме само да им се извиниме на фановите и да се извиниме на Гладбах. Со исклучок на Нојер, сите одигравме катастрофално“, вели Милер.

„Никогаш претходно не сум искусил нешто вакво. Тешко ми е да ја свртам главата. Но ова треба да го оставиме зад нас, бдејќи веќе во сабота имаме нов натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани