Пошироката
јавност секако е запознаена со нарушените односи кои поранешниот тренер на
Баерн Минхен, Нико Ковач ги имаше со легендарниот фудбалер на таа екипа, Томас
Милер, кој не крие дека доколку хрватскиот фудбалски стратег останал во клубот,
тој ќе си заминел.
„Во летото 2019
година малку недостасуваше да си заминам од клубот, тоа беше добро познатата
ситуација со Ковач, во зимскиот преоден рок сигурно би ис заминал, но тогаш тој
си замина, а јас на крајот останав во клубот“ рече Милер.
„Доколку Ковач
останеше, јас денеска секако би имал помалку трофеи во Баерн, а кога ќе се
навратам на тоа време, ме радува фактот што така заврши“ додаде 32 годишниот
фудбалер.
„Тоа беше еден
доста болен, но и секако и повеќе од потребен потег, постојано разговарав со
луѓето од управата, а во моментите кога бев најнесреќен, не можевме ништо да
сториме бидејќи преодниот рок беше далеку“ заклучи Милер во разговорот со „Билд“.