157
По дваесетина
минути игра на дуелот помеѓу Баерн Минхен и Атлетико Мадрид во Лигата на
шампиони, Томас Милер влезе во бележникот на судијата за старт над Киран Трипе во
кој најпрво ја изби топката а потоа го собра и дефанзивецот.
Германецот не
беше задоволен од одлуката на Мајкл Оливер па влезе во дискусија со судијата од
Англија. Со оглед на тоа дека стадионот беше празен, практично се можеше да се
слушне.
„Мора да се
шегуваш. Играме против најголемите силеџии во Европа а ти ми даваш жолт картон
за ова!“ – порача Томас Милер.
Под водство на Диего
Симеоне, Атлетико Мадрид важи за екипата која игра агресиен и цврст фудбал.