Милан заинтересиран за Батшуаи

by
1 минути читање

„Ле10спортс“
известува дека Милан е заинтересиран за ангажман на напаѓачот Мичи Батшуаи, кој
изминатата сезона ја помина во дресот на Кристал Палас, каде играше како
позајмен од редовите на Челси.

27 годишниот
белгиски напаѓач има договор со Челси до идната година, а со самото тоа
неговата цена летово ќе му биде пониска од вообичаеното, па така тој би можел
да биде алтернативната опција на „Росонерите“ во однос на Оливие Жиру.

Во Милан се
децидни во намерата да го ангажираат Жиру само во случај доколку Челси се
согласи да го ослободат францускиот ветеран без обештетување, а тоа веројатно е
тешко остварливо сценарио за италијанскиот вицепрвак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани