175
По повредата на Кјаер кој ќе ја пропушти оваа сезона, Милан тргна во потрага по нов централен дефанзивец.
Информациите од Шпанија велат дека целта на росонерите е дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.
Умтити е закован на клупата на Барселона, но проблем е што тој не сака да си замине додека некој не ја изедначи платата која ја добива во каталонскиот клуб.
Милан ќе се обиде да го убеди да го договори овој трансфер иако не се очекува преговорите да бидат лесни.