Милан внимателно ја следи младата ѕвезда на Аталанта, една клаузула им нуди уникатна можност

by
1 минути читање

23 годишниот
фудбалер од средниот ред ужива голема доверба од Гасперини оваа сезона, а со
добрите партии си обезбеди и повик од селекторот Роберто Манчини и деби настап за
репрезентацијата на Италија.

Матео Песина
синоќа два пати ја тресеше мрежата на Наполи и ја однесе Аталанта во финале од
Купот на Италија, па одново се вратија шпекулациите за неговата иднина.

Се говори дека
пости голем интерес, но Милан има џокер во раката. „Росонерите“ го продадоа Матео
Песина на Аталанта за нешто помалку од 2 милиони евра, но со клаузула да добијат
50% од следната продажба.

Па оваа клаузула
сега им дава уникатна можност, односно да го вратат фудбалерот во своите редови
за половина цена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×