Милан веќе размислува како да ги троши парите од Рајндерс, половина од сумата ќе биде наменете за ангажман на Ричи

by bojan
1 минути читање
Ричи

„Росонерите“ ги финишираат преговорите со Манчестер Сити за трансфер на Тиџани Рајндерс, клубот од Сан Сиро веќе размислува да ги троши парите и со 30+ милиони евра ќе го ангажира Самуеле Ричи од Торино.

Само прашање на време е кога Тиџани Рајндерс ќе се пресели на „Етихад“, двата клуба ги финишираат преговорите откако Милан го одби првиот предлог на Манчестер Сити вреден 60 милиони евра.

„Росонерите“ инсистираат на зделка вредна околу 70-75 милиони евра, со што Холанѓанецот ќе стане најскапа продажба во историјата на клубот од Сан Сиро.

И додека се чека разврската на оваа зделка, Милан веќе размислува како да ги троши парите од Тиџани Рајндерс.

Неколку извори пренесуваат дека половина од оваа сума ќе биде наменете за ангажман на Самуеле Ричи од Торино.

Италијанецот подолго време е во бележникот на „росонерите“, кои сега ќе можат да инвестираат 30+ милиони евра за фудбалерот од средниот ред да се пресели на Сан Сиро.

ФОТО: X/Torino FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани