Милан со пресврт ја победи Верона и се врати на врвот во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Леао и Тонали беа главните херои на Милан на овој натпревар.

Тонали постигна гол уште во 16. минута, но му беше поништен поради офсајд.

Во 38. минута по асистенција од Лазовиќ, Фараони погоди со глава за водство на Верона од 1-0.

Течеше судиското продолжение од првото полувреме кога по асистенција од Леао, Тонали од непосредна близина погоди за израмнување на 1-1.

По пет минути игра во вториот дел, иста ситуација, Леао асистира до Тонали кој од блиску постигнува гол за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1.

Конечните 3-1 за Милан ги постави Флоренци во 87. минута, само три минути откако влезе во игра.

На две кола до крајот Милан е прв со 80 бодови, Интер е втор со 78.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани