Милан делува
одлично во изминатиов период, особено по доаѓањето на напаѓачот Пјонтек кој се
покажа како огромна и засега добро исплатлива инвестиција за клубот од Милано
кој вечерва славеше на гостувањето кај Аталанта со 1-3.
Домаќините први
поведоа со 1-0 и тоа со голот на Фреуле во 33. минута, но Пјатек во самиот
финиш пред паузата израмни на 1-1 и навести интересен втор дел во Бергамо.
Во второто
полувреме Чалханоглу во 55. минута донесе предност за Милан, а само шест минути
подоцна Пјонтек со својот втор гол на мечот ја осигура победата за гостинската
екипа во мечот од 24 коло во италијанската Серија А.
Со оваа победа,
тимот на Гатузо влезе во топ четири на табелата од Серија А, поточно во
моментов се наоѓа на четвртото место со четири бода заостанување зад Интер кој
е на третото место.