Милан со играч повеќе се спасуваше од пораз против Сампдорија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сезоната влезе во период во кој секој кикс може скапо да чини, а денеска Милан загуби два бода против Сампдорија.

Резултатот беше отворен во 57. минута кога Кваљарела постигна гол за 0-1, а две минути иподоцна Силва заработи втор жолт картон и Сампдорија остана со играч помалку.

Милан се мачеше да израмни и да се врати во игра, тоа конечно се случи во 87. минута кога Хауге постигна гол за 1-1.

Росонерите имаа шанса и за комплетен пресврт, но Кеси ја погодии само стативата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани