59
„Росонерите“ ги
кројат плановите за настап на трансфер пазарот, Газета дело Спорт пишува дека
на радарот на Милан се две имиња од Балканот.
Клубот од Сан
Сиро веќе остварил контакт со ЦСКА Москва и се распрашува за услугите на Никола
Влашиќ, кој одлично се снаоѓа на неколку позиции во офанзивната линија. ЦСКА
Москва нема намера да се откаже лесно од 23 годишниот Хрват и за неговите
услуги бара 30 милиони евра.
Милан исто така внимателно
го следи и Душан Влаховиќ од Фиорентина, кој има 12 погодоци во Серија А оваа
сезона. Цената на Србинот е околу 40 милиони евра, а „росонерите“ како адут го
имаат Стефано Пиоли, кој му даде шанса на напаѓачот да дебитира во дресот на
„виолетовите“.