Платата за една
сезона на Швеѓанецот ќе му изнесува 7 милиони евра, а според информациите кои
пристигнуваат од Италија, истата би можела да биде и поголема во зависност од
бројот на неговите настапи идната сезона.
Милан се заштити
со одредени клаузули во договорот на искусниот напаѓач, а „Газета дело Спорт“
наведе дека тоа е поради загриженост околу тоа колку напаѓачот е физички
подготвен да го поднесе овој предизвик на високо ниво на 40 годишна возраст.
Дополнително,
медиумот додава и дека Милан се заштитил и во однос на уште една клаузула која
се однесува на тоа што би се случувало со Ибрахимовиќ вон терените, а како за
потсетување напаѓачот се најде во центарот на вниманието во пошироката
фудбалска јавност откако се шпекулираше дека би можел да биде суспендиран од
УЕФА и ФИФА откако негова компанија влегла со 10% во обложувачка агенција.
Сезонава
популарниот Ибра на 17 настапи успеа да постигне 15 погодоци во дресот на „Росонерите“,
а има и две асистенции.