Милан се подготвува за најцрно сценарио, три имиња како потенцијална замена на Донарума

by
1 минути читање

Денеска беше објавено дека „росонерите“ ја зголемиле понудата за Џиџо Донарума од 6 на 8 милиони евра по сезона, но Мино Рајола не одговорил на предлогот. Одредни извори пишуваат дека агентот чека да види дали ќе биде обезбеден пласман во Лигата на шампиони, а бара и голманот да ја добие капитенската лента.

И додека новиот договор на Џиџо Донарума е приоритет за раководството на Милан, тоа се подготвува и за најцрно сценарио и заминување на голманот, па составен е список со потенцијални замени.

На листата со желби се наоѓаат Мајк Мењан од Лил, Хуан Мусо од Удинезе и Пјерлуиџи Голини од Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани