Актуелниот директор во Ред Бул, Ралф Рангник долго време се поврзува со Милан, извршниот директор на италијанскиот клуб Иван Газидис не крие дека сака да го донесе Германецот на чело на тимот.
Првичниот контакт на Милан со Рангник создаде и раздор во раководството на росонерите по што Звонимир Бобан доби отказ а се шпекулираше дека и Малдини ќе замине.
Иван Газидис по секоја цена сака да го донесе Рангник мислејќи дека тој ќе биде човекот кој ќе му донесе успех на тимот. Според „Тутоспорт“ двете страни си подале рака и тој наскоро ќе дојде во Милан.
Покрај тренерската функција, Рангник ќе ги добие и задачите кои ги има спортскиот директор, па тој и Иван Газидис заедно ќе го водат клубот.
Многумина потегот на Газидис, особено поради одврзаните раце кои ќе му ги даде на Рангник го сметаат за коцкање, но само времето ќе покаже кој бил во право.