Леонардо синоќа потврди дека Тиаго Силва и Единсон Кавани ќе го напуштат ПСЖ по крајот од сезоната.
Милан се поврзува со ангажман на нивниот поранешен дефанзивец, но не се големи шансите за тоа да се случи.
Трансфер експертот Николо Шира тврди дека Евертон веќе почнал преговори за ангажман на Тиаго Силва, а клучен елемент ќе биде Карло Анчелоти кои ќе го убеди Бразилецот да се пресели на Гудисон Парк.
Тиаго Силва во септември ќе наполни 36-години, но неговата форма се уште е на највисоко ниво. Оваа сезона која е прекината во Франција тој има 30 настапи за ПСЖ.
Пред некое време Тиаго Силва изјави дека нема да се врати во Бразил бидејќи се уште има предизвици во Европа.
Се верува дека неговиот следен предизвик е да заигра во Премиерлигата.