ПСЖ планира да се
раздели со голем број на играчи ова лето, а тројца од отпишаните фудбалери се
на радарот на Милан.
Како што пренесува
Газета дело Спорт, „росонерите“ ги меркаат Јулијан Дракслер, Абду Диало и Тило
Керер.
Јулијан Дракслер
важеше за еден од поталентираните играчи во својата генерација, но кариерата на
Германецот е во надолна линија по преселбата во Париз. На Сан Сиро тој би можел
да добие шанса одново да покаже што умее на позицијата офанзивен фудбалер од редот за врска.
По неуспехот да
го ангажираат Свен Ботман од Лил, „росонерите“ сега се насочуваат на други
дефанзивци па Абду Диало и Тило Керер се интересни имиња, особено ако не треба
да се плати многу за нивен ангажман.