Милан Ристовски летово се сели во нов клуб

by Стефан
0 минути читање

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш Бохемијанс Прага 1905, откако му истече договорот со клубот.

Од Бохемијанс ја потврдија разделбата и преку официјално соопштение му се заблагодарија на Ристовски за неговиот придонес во изминатите три сезони.

Дваесет и седумгодишниот напаѓач за тимот од Прага одигра 69 натпревари во домашното првенство, а во минатата сезона постигна пет погодоци.

Засега не е познато каде Ристовски ќе ја продолжи кариерата, но по истекот на договорот ќе може како слободен играч да избере нов клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×