2,6K
Мајк Мењан ќе биде нов голман на Милан, ова попладнево го пренесе новинарот Даниеле Лонго. „Росонерите“ веруваат дека Џиџо Донарума нема да го продолжи договорот, па се договориле со Лил за трансфер од 15 милиони евра плус бонуси. Се очекува во следните денови зделката и официјално да биде потврдена.
Џиџо Донарума на маса има понуда за нов договор и плата од 8 милиони евра по сезона, но неговиот агент, Мино Рајола бара плата од 10 милиони евра, како и богата провизија од околу 20 милиони евра.
Останува да се види дали има вистина во сториите или пак Милан само врши притисок за Џиџо Донарума да ги намали барањата и да го прифати договорот кој му се нуди.