Милан прави напори да ја намали цената на Томори, Белоти и натаму останува приоритет

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Милан е во преговори
со Челси за да го откупи договорот на дефанзивецот Фикајо Томори кој е на
позајмица во составот на „Росонерите“, кои се задоволни од неговите
перформанси.

23 годишниот Англичанец,
Томори запиша девет настапи за Милан, а има активен договор со Челси до 2024
година, „Росонерите“ имаат можност за 28 милиони евра да го задржат стоперот,
меѓутоа „Сан“ извести дека италијанскиот прволигаш прави напори да ја спушти
цената на фудбалерот во преговорите.

Кога сме веќе кај
Милан, во Италија наведуваат дека овој клуб е во пол-позиција за потписот на 27
годишниот напаѓач на Торино, Андреа Белоти, чиј договор со клубот истекува идната
година.

„Тутоспорт“ тврди
дека Милан е подготвен да чека до идното лето за да го добие напаѓачот без
никакво обештетување, инаку капитенот на Торино е интересен уште и за Рома и
Наполи, а сезонава постигна 12 погодоци на 27 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×