Милан потпиша со дури четворица фудбалери во последниот ден од преодниот рок!

by riste
1 минути читање
Милан

Милан вчера имаше исклучително зафатен ден кога трансферите се во прашање, росонерите донесоа дури четворица нови играчи, но некои и си заминаа.

Главната цел беше напаѓачот Сантијаго Хименез кој пристигна од Феенорд.

Од Монца дојде играчот од средниот ред Варен Бондо. А од Фиорентина пристигна Рикардо Сотил.

Готов е и трансферот на Жоао Феликс од Челси кој пристигнува на позајмица. Само тој не е официјално објавен, но наскоро и тоа ќе се случи.

Од клубот вчера си заминаа тројца играчи, Ноа Окафор во Наполи, Исмаел Бенасер во Марсеј, и Кевин Зероли во Монца.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани