Милан го комплетираше трансферот на Меите, а во текот на денешниот ден потпис на договорот треба да стави и Марио Манџукиќ.
Но планот на раководството на клубот не е да сопре тука, тие сакаат и двајца играчи на Барселона од дефанзивата, Самуел Умтити и Жуниор Фирпо.
Како проблем за Милан при ангажманот на Умтити, се смета дека може да биде неговата висока плата Барселна би се ослободила од него за добра понуда, но личните услови на фудбалерот би можеле да бидат проблем.
Стефано Пиоли во Жуниор Фирпо гледа замена за Тео Ернандез кој игра одлично.
Но, Милан работи и на ангажман на Томори од Челси, па се верува дека доколку го договори тој трансфер, ќе се откаже од намерата за потпис со Умтити.
Како и да е, се чини дека Марио Манџукиќ нема да биде последното јануарско засилување за Милан.