Откако го распродаде Сан Сиро, Милан почна на своите навивачи да продава и од билетите на трибината која е наменета за гостите.
„Зборував со претседателот на Милан, Паоло Скарони во средата и му реков тоа што го мислам. Не сме почитувани од нивна страна и фановите и клубот. Милан е свесен дека ние сме многу лути за оваа ситуација и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Џо Бароне, извршниот директор на Фиорентина.
Скандалот се рашири во италијанските медиуми, па Милан реши да ја поправи својата одлука.
Росонерите излегоа со соопштение во кое велат дека ќе ги поништат сите продадени карти за своите навивачи во гостинската трибина и парите ќе им бидат вратени на оние кои ги купиле.
Целата гостинска трибина ќе биде за фановите на Фиорентина.
Мечот меѓу Милан и Фиорентина се игра утре (недела) со почеток од 15 часот. Милан е во пол позиција за Скудетото и за да ја задржи мора да победи, а Фиорентина се бори за петтата позиција која носи во Лига Европа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.