Милан подготвува 100 милиони евра за засилувања, на листата со желби има четири имиња

by
0 минути читање

„Росонерите“
полека почнуваат да ги кројат плановите за следната сезона, целта е Стефано Пиоли
на располагање да има уште поконкурентен состав.

Газета дело Спорт
вели дека Милан е подготвен летоска да инвестира 100 милиони евра во
засилувања, сумата може дополнително да се зголеми доколку биде освоено
Скудетото.

Дефанзивецот Свен
Ботман и фудбалерот од средниот ред Ренато Санчез се на врвот од листата со
желби. На списокот се уште две имиња, напаѓачот Уго Екитике од Ремс како и
офанзивецот на Тотнем, Стивен Бергвајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×