Милан одби понуди за првите ѕвезди: Комо го бараше Тео, а Пиоли имаше „сон“ да го види Леао во Саудиска Арабија

by 24 фудбал
1 минути читање

Управата на Милан е зафатена во финишот на јануарскиот преоден рок, откако стана јасно дека се потребни одредени промени во играчкиот кадар. Додека се преговара за засилување во нападот и на излезните врати од клубот се Алваро Мората и Франческо Камарда, на адреса на „росонерите“ пристигнаа две интересни понуди.

Се работи за понуди за најголемите клупски ѕвезди Рафаел Леао и Тео Хернандез.

Португалецот е желба на Стефано Пиоли кој го предводи Ал Наср во Саудиска Арабија. Поранешниот тренер на Милан и управата на овој клуб понудија 85 милиони евра за Леао, а тоа беше категорично одбиено од клубот и фудбалерот.

Од друга страна, за Тео Хернандез симпатична понуда пристигна од амбициозниот Комо. Имено, овој клуб пред неколку денови испрати понуда од 40 милиони евра за францускиот бек, но тоа било глатко одбиено од Милан и Хернандез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани