Милан нуди пари и двајца играчи за на Консеисао да му донесе засилување од Болоња

by bojan
1 минути читање
Орсолини

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан силно ќе притисне за ангажман на Рикардо Орсолини од Болоња.

„Росонерите“ сакаат да донесат засилување за нападот, се водат преговори со Феенорд за трансфер на Сантијаго Хименз, но раководството на Милан има и други идеи на ум.

Се работи и на ангажман на Рикардо Орсолини од Болоња, за кого пред неколку дена биле понудени 18 милиони евра, плус услугите на Ноа Окафор.

Овој предлог веднаш бил одбиен, но Милан силно ќе притисне во последните денови од преодниот рок и наскоро ќе презентира нова формула за реализирање на зделката.

На маса ќе бидат ставени 20 милиони евра, а покрај Ноа Окафор, ќе биде понудена и позајмица на Самуел Чуквуезе.

Останува да се види дали оваа понуда ќе биде доволна за Болоња да се откаже од Рикардо Орсолини, кој е клучен играч за популарните „рособлу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани