Милан нема среќа на трансфер пазарот, Тотнем нуди 30 милиони евра за Инкапие

by
1 минути читање

Милан има огромни
проблеми при настапот на трансфер пазарот, „росонерите“ не можат финансиски да
се носат со другите клубови, па Свен Ботман се пресели во Њукасл, а Ренато
Санчез во мислите има само трансфер во ПСЖ.

Истото сега се
повторува и со талентираниот Пјеро Инкапие од Баер Леверкузен, неговот агент денеска
излезе со изјава и рече: „Можам да го потврдам интересот на Милан, во моментов
сме во преговори со Баер за да разбереме кое е најдоброто решение“.

„Росонерите“ тешко
дека ќе можат да се надеваат на позитивен исход со оглед на тоа дека Тотнем
сериозно загризал, новинарот Екрем Конур пишува за понуда од 30 милиони евра
(25 милиони фунти).

Пјеро Инкапие е
20 годишен Еквадорец кој добро се снаоѓа и како централен дефанзивец и како лев
бек. Баер Леверкузен за неговите услуги плати нешто на 6 милиони евра пред
само 12 месеци, па имаа шанса да направи убав профит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×