Милан нема да ризикува со Ибрахимовиќ, Швеѓанецот се враќа против Сасуоло

by
1 минути читање

Водечкиот на
табелата во Серија А во моментов, Милан нема да ризикува со Златан Ибрахимовиќ
вечерва на гостувањето кај Џенова на нашиот Горан Пандев, со тоа што искусниот напаѓач ќе го пропушти
тој меч, а се верува дека ќе биде подготвен за настап против Сасуоло
претстојниов викенд.

Ибрахимовиќ ќе го
пропушти четвртиот меч во Серија А, а вкупно седми во однос на сите конкуренции
поради повреда со која се здоби во гостинската победа од 1-3 кај Наполи.

„Газета дело
Спорт“ информира дека на Ибрахимовиќ му е укажано да продолжи со тренинзите
одвоен од останатата група фудбалери уште неколку денови откако во текот на
вчерашниот ден такви препораки дојдоа од медицинскиот тим.

Истовремено,
весникот додава дека враќањето на Ибрахимовиќ на терените е предвидено да се
случи претстојниов викенд кога „Росонерите“ гостуваат кај Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×