Милан има одличен старт на новата сезона во Серија А, четири победи и едно реми. Тимот на Пиоли изгледа одлично, веќе и составот е широк, па се собираат бодови и кога има повеќе отсутни фудбалери.
На вчерашниот дуел против Венеција, Салемакерс влезе од клупата и даде значаен допринос за победата, беше и асистент за вториот гол.
„Се обидов да му помогнам на тимот, замените имаа добар импакт, среќни сме“, вели Салемакерс.
„Очигледно работата која ја направи тренерот и ми даде верба, ми помогна да созреам, но истото се случи и со тимот. Зборуваме многу, млади сме, си помагаме. И тоа е важно“.
„Моите карактеристики се малку подефанзивни од тие на Рафал Леао и Анте Ребиќ, но во исто време сакам и да нападнам“.
Белгиецот вели дека целта на Милан е првото место, ништо подолу.
„Ќе се обидеме да освоиме оваа сезона. Не не интересира да завршиме втори или трети“.
„Ќе размислуваме од натпревар за натпревар и ќе видиме што ќе се случи, но ние целиме на врвот“.