Милан наместо да го завери настапот во ЛШ, си ја искомпликува ситуацијата, само реми против Каљари (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Пиоли минатото коло славеа со 0-3 на гостувањето кај Јувентус па сами одлучуваат
за топ четири пласман. Вечерва имаа прилика да ги решат сите дилеми, но
неочекувано одиграа само 0-0 против Каљари.

„Росонерите“
тешко создаваа шанси, немаа решение за дисциплинираната игра на гостите во
одбрана па си ја искомпликуваа ситуацијата.

Милан сега во
последното коло ќе треба да брка победа во Бергамо против Аталанта, каде
минатата сезона загуби со убедливи 5-0. Олеснителна околност е тоа што
„нероаѕурите“ веќе имаат топ 4 пласман, нема за што да играат, па можеби нема
да го дадат максимумот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×