Милан му постави ултиматум на Донарума

by
1 минути читање

Договорот на Донарурма истекува во јуни, информациите велат дека тој веќе двапати го има одбиено Милан за потпис на нов договор.

Милан нема да понуди повеќе од нивната последна понуда, таа изнесува 8 милиони евра по сезона, што е за 2 повеќе од актуелната негова плата.

Росонерите му кажале на Донарума дека има рок до 23. мај да одлучи дали ќе го продолжи договорот, тие знаат дека после овој датум тој ќе биде со италијанската репрезентација, па веќе нема да бидат можни преговори.

Доколку до 23. мај не ја прифати понудата која му е на маса, Донарума нема да биде голман на Милан.

Според „Газета дело Спорт“, росонерите веќе се во преговори со голманот на Лил, Мајк Мањан. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×