Милан му постави ултиматум на Чалханоглу

by
1 минути читање

Неизвесна е иднината на Хакан Чалханоглу, но Милан слично како и со Донарума, нема многу да се потресува околу иднината на фудбалерот.

Милан му има доставено понуда на Чалханоглу на која Турчинот се уште не одговорил.

Клубот му соопштил дека ќе го чека до 30. јуни, кога му истекува сегашниот договор, потоа понудата нема да важи.

Според италијанските медиум, понудата на Милан за Чалханоглу е четири милиони евра по сезона.

Се верува дека тој бара повеќе, но веројатно ќе треба да се обрати на друго место за да ја добие сумата која ја сака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани