Милан можел да го купи Педри пред Барселона, но не сакале да платат

by
1 минути читање

Педри оваа сезона се промовираше во нова надежна ѕвезда за Барселона, фудбалер кој со својот приод на теренот може да прерасне во значајна алка на каталонскиот тим.

Младиот фудбалер кој минатата недела наполни 18 години, оваа година пристигна од Лас Палмас во Барселона, но можело да биде поинаку.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Педри бил следен од Милан додека бил во Лас Палмас. Поранешниот спортски директор Звонимир Бобан неколку пати се сретнал со Паоло Малдини и Фредерик Масара да разговараат за ангажман на Педри.

Сепак росонерите не сакале да ја платат сумата, сметале дека е висока за тинејџер кој игра во втората шпанска лига и одлучиле да не го купат.

Нејасно е колку пари му побарале Лас Палмас на Милан, но Барселона го доби за пет милиони евра, сега играчот вреди многу многу повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×